САД и Русија постигнаа нов договор за стратешкото вооружување
Автор: Владимир Митоски
19 март 2010, 14:34
Извор: Макфакс
Поврзани Вести
Русија и САД постигнаа нов договор околу сите отворени прашања кои се однесуваат на стратешкото нуклеарно вооружување и замената на договорот “Старт 1“ кој истече во декември минатата година.
Ова го изјави американскиот државен секретар Хилари Клинтон, по средбата со рускиот претседател Дмитриј Медведев денеска во Москва. На средбата присуствуваше и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Високи извори во Кремљ, во текот на денот информираа дека основни теми на средбата ќе бидат подготовка на новиот договор за стратешко вооружување, иранската нуклеарна програма и мировниот процес на Блискиот Исток./крај/фокус/вм
Copyright 2010 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.
Свет
- Сигурноста на папата Бенедикт XV...09 септември 2010
- Египет ги уништи тунелите за шве...09 септември 2010
- Португалската полиција заплени ш...09 септември 2010
- Медведев најави апсење на сторит...09 септември 2010
- Пожари во Казахстан: Шест загина...09 септември 2010
- Европски парламент: Франција мор...09 септември 2010
- Експлозија во Владикавказ, најма...09 септември 2010
- Кастро го критикува системот на ...09 септември 2010


