БАРАЈ
 
АРХИВА | EN | AL
Регион
Е-поштаПечатиСподели

Грција бара финансиери со нормални камати

19 март 2010, 14:43
Извор: Макфакс
Брисел

Грција не бара финансиска помош која би ја плаќале даночните обврзници во некои европски држави, туку политичка поддршка како би можелa  самата да се финансира со поволни каматни стапки.

Ова денеска во Брисел го изјави грчкиот премиер Јоргос Папандреу во обраќањето пред пратениците на Европскиот парламент

„Не бараме пари од германските, француските и италијанските обврзници, туку бараме политичка поддршка за да ги спроведеме неопходните реформи со  кои би можеле да земаме кредити со поповолни камати“, изјави Папандреу.

Тој изрази уверување дека на самитот на ЕУ следната недела ќе биде прифатен договор за инструментална помош на Грција, бидејќи во спротивно таа држава ќе биде принудена да побара помош од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Државите членки на ЕУ се против тоа некоја нивна членка да бара помош од ММФ бидејќи тоа би ја загрозило веродостојноста на сите членки на еврозоната дека се способни самите да се справат со криза. /крај/он/ап/

Copyright 2010 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.


Регион

БЕРЗАНСКИ ИНДЕКСИ