По десет години бегство, уапсен познат тетовски криминалец
По десет години бегство, МВР синоќа го уапси дваесет и деветгодишниот Мухамед Асани – Мека, познат криминалец од Тетово. Мека е предаден на издржување на затворска казна од 22 години во „Идризово“.
При претрес на неговиот стан на улица „Вонвардарска“ во Тетово, пронајден е пиштол „Застава“ калибар 6,35 милиметри со рамка со еден куршум и футрола, дигитална електронска вага, една кеса со 20 зипер пакувања со непозната зелена тревкаста материја, две кесиња со ваква материја и околу 500 празни најлонски пакувања, соопштуваат од МВР.
Против Мека се поднесени вкупно 15 кривични пријави, три посебни извештаи и три прекршочни пријави. Осудуван е за изнуди, разбојништва, обиди за убиство, тешки кражби, како и дека учествувал во неколку вооружени инциденти на вонредните избори во 2008 година.
При акцијата биле затекнати уште неколку лица со него, а против едно од нив ќе биде понесена и кривична пријава за неовластено држење на оружје. /крај/со/фф
Македонија
- Баросо: Време е да се донесе одл...09 септември 2010
- Македонија на 79-то место според...09 септември 2010
- Приведени познати фалсификатори ...09 септември 2010
- Милошоски и Иванов во Брисел09 септември 2010
- Двете штипјанки ги злоставувале ...09 септември 2010
- Студентите задолжително на пракс...09 септември 2010
- Честитка од Груевски до еврејска...09 септември 2010
- Состојба на патиштата за четврто...09 септември 2010


