БАРАЈ
 
АРХИВА | EN | AL
Македонија
Е-поштаПечатиСподели

МЗ:СДСМ да ги остави институциите да работат во полза на граѓаните

19 март 2010, 16:12
Извор: Макфакс
Скопје

Министерството за здравство упати апел до СДСМ да ги остави државните институции и органи, како што се Фондот за здравство и Бирото за лекови, да ја извршуваат  својата со закон дефинирана надлежност и да работат во полза на граѓаните и во насока на унапредување на здравствениот систем.

„Иако во неколку наврати МЗ и понуди на опозицијата соработка во интерес на граѓаните и здравствениот систем, СДСМ продолжува со својата веќе видена практика да донесува погрешни заклучоци, да критикува и да клевети служејќи се со целосно неточни информации“ се вели во реакцијата на Министерството на пресот на СДСМ.

Тие не сакаат да одговараат на , како што велат, инкоструирани, неточни констатации и фрази на СДСМ. /крај/со/фф

Copyright 2010 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.


Македонија

БЕРЗАНСКИ ИНДЕКСИ