БАРАЈ
 
АРХИВА | EN | AL
Свет
Е-поштаПечатиСподели

Самсунг цели на двоцифрена стапка на раст на приходите во 2010 година

20 март 2010, 09:23
Извор: Макфакс
Сеул

Јужнокорејскиот електронски џин Самсунг Електроникс очекува силна 2010 година, благодарение на забрзувањето на економскиот раст во развиените и големи економии.

Од компанијата соопштија дека целат кон двоцифрен раст на продажбата во споредба со рекордното ниво од минатата година.

Најголемиот светски производител на телевизори со рамен екран и вториот најголем продавач на мобилни телефони во петокот одржа состанок за своите акционери. .

Во текот на последната деценија, Самсунг стана една од водечките светски компании во електронскиот сектор и најголемиот светски производител на компјутерски мемориски чипови и екрани со течни кристали. Во областа на мобилна  телефонија  се наоѓа зад финската компанија Нокиа. /крај/хи/ит

Copyright 2010 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.


Свет

БЕРЗАНСКИ ИНДЕКСИ