Дел од вработените во „Бритиш ервејс“ стапија во штрајк
Автор: Александар Поповски
20 март 2010, 11:15
Извор: Макфакс
Летачкиот персонал на британскиот авиопревозник „Бритиш ервејс“ изутрината стапи во тридневен штрајк, откако вчера пропаднаа преговорите помеѓу раководството на компанијата и синдикатот.
Непосредна причина за штрајкот е најавата за замрзнување на платите и измената на работните услови.
Поради штрајкот, во наредните три дена ќе се реализираат само 65 отсто од планираните линии на „Бритиш ервејс“.
Британската авиокомпанија, која има околу 12.000 членови на екипажите, настојува годишно да заштеди 62,5 милиони фунти, бидејќи е соочена со пад на побарувачката, раст на цената на горивото и конкуренција на нискотарифни компании. /крај/по/ап/
Copyright 2010 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.
Свет
- Сигурноста на папата Бенедикт XV...09 септември 2010
- Египет ги уништи тунелите за шве...09 септември 2010
- Португалската полиција заплени ш...09 септември 2010
- Медведев најави апсење на сторит...09 септември 2010
- Пожари во Казахстан: Шест загина...09 септември 2010
- Европски парламент: Франција мор...09 септември 2010
- Експлозија во Владикавказ, најма...09 септември 2010
- Кастро го критикува системот на ...09 септември 2010


