Благ пораст на превезени патници на македонските аеродроми
Вкупно 36.153 патници биле превезени во февруари на аеродромите во Македонија, што претставува пораст од 3,3 отсто во однос на истиот период лани кога биле превезени 34.883 патници.
Ова денеска го соопшти министерството за транспорт и врски додавајќи дека само на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје се регистрирани 34.481 патник што во однос на истиот месец претставува зголемување за 1,7 отсто
Зголемен е и бројот на реализирани чартер линии кои во февруари 2010 година изнесува 76 што претставува зголемување за 61,7 отсто во однос на 47 чартер линии реализирани во февруари 2009 година.
Истовремено на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, во февруари вкупниот број на патници изнесувал 1.672 патници, што е зголемување за 70,6 отсто во однос на истиот месец минатата година кога на овој аеродром биле регистрирани 980 патници.
На овој аеродром се бележи и зголемување на бројот на операции на воздухоплови за 14,3 отсто во февруари 2010 година, споредено со истиот месец минатата година. /крај/со/ап/
Економија
- Фишер: Јужниот тек не е во интер...09 септември 2010
- Македонија ја нема меѓу 500 најг...09 септември 2010
- ММФ ја повикува Турција да напра...09 септември 2010
- Гардијан: Светските банки опстан...08 септември 2010
- Водафон продаде 3,2 проценти од ...08 септември 2010
- Мал пад во извозната заработувач...08 септември 2010
- Економијата на Полска ќе забележ...08 септември 2010
- Невработеноста во Полска достигн...07 септември 2010


