Раководството на МНАВ го демантира синдикатот
Безбедноста во давањето на услуги на воздухопловната навигација како и континуираното одржување на сите потребни стандарди согласно Европските критериуми е врвна обврска и приоритет на МНАВ.
Ова се наведува во денешното соопштение на Контролата на летање-МНАВ, со кое се демантираат информациите објавени пред два дена од страна на синдикатот на воздухопловните техничари во однос на квалитетот и безбедноста на услугите и системите за контрола на летање
За континуираното одржување на потребното ниво на безбедност сведочи и фактот дека во ниту еден случај не е регистрирана поплака од било кој од корисниците на услугите на МНАВ ниту пак е регистрирано загрозување на безбедноста предизвикана од функционалноста на системите, се вели во соопштението
За нивото на безбедност и квалитетот на услугите на МНАВ сведочи и фактот дека од 10.03.2010 МНАВ е сертифициран од страна на АЦВ за давањето на услуги согласно сите релевантни државни регулативи кој во потполност ги исполнуваат високите стандарди на Европската Унија, се додава во дописот.
Во однос на шпекулациите за финансиското работење на МНАВ, УО со жалење констатира дека транспарентноста за начинот на работењето се користи од поединци за манипулирање со податоците.
Потенцираме дека во период на глобална рецесија кога авио индустријата е една од најпогодените и секојдневно сме сведоци на информации за редукциите во овој бизнис, МНАВ со рационализација и оптимизација на трошоците, и со активниот ангажман за зголемување на бројот на прелетите и приходите, работи со цел да се избегнат штетните последици од рецесијата од рецесијата.
Плановите за рационализација на трошоците и зголемување на бројот на прелети се доставени и до релевантните институции во РМ, се вели во реакцијата.
МНАВ како лажни ги отфрла информациите дека по намалувањето на платите за невоздухопловниот персонал се реализирани нови вработувања во фирмата. /крај/со/ап/
Македонија
- Баросо: Време е да се донесе одл...09 септември 2010
- Македонија на 79-то место според...09 септември 2010
- Приведени познати фалсификатори ...09 септември 2010
- Милошоски и Иванов во Брисел09 септември 2010
- Двете штипјанки ги злоставувале ...09 септември 2010
- Студентите задолжително на пракс...09 септември 2010
- Честитка од Груевски до еврејска...09 септември 2010
- Состојба на патиштата за четврто...09 септември 2010


