Нов стрип магазин „Синдром“
„Синдром“ е најновиот македонски магазин посветен на стрип културата во земјата.
Магазинот е во издание на „Макстрип.ком.мк“ интернет форумот кој е составен од преку 40 стрип автори и аниматори и постои веќе една година.
Во магазинот ќе бидат промовирани македонски автори на стрипови. Првиот број има тираж од 50 примероци но засега нема да биде пуштен во продажба, туку ќе биде наменет за промоција ширум Балканот.
Во првиот број се застапени 20 домашни автори, има четири кратки стрипови кои се дело на цртачи на возраст од 15 до 50 години. Во „Синдром“ се посветени и текстови за јапонскиот „Манга“ стрип како и за американските херои, а има и интервју со Мет Холинсворт еден од најпознатите дигитални колористи.
Планот на уредникот на магазинот Давор Драмиќанин е „Синдром“ да излезе четири пати во годината. Се очекува вториот број ќе излезе во мај а третиот број е планиран за септември.
„Повеќето автори кои што работат на овие простори си најдоа катче каде што ќе издаваат“ изјави стрип авторот Здравко Гиров.
За името „Синдром“ се одлучиле бидејќи сите кои што работеле на магазинот но и членовите на форумот „Макстрип“ се болни од болеста наречена стрип објасни Гиров.
Во Македонија има околу педесетина автори на стрипови, кои се самоуки бидејќи се уште не постои школа за стрипови а стрип цртањето на ликовната академија не е многу почитувано од страна на професорите.
Официјалната промоција на магазинот „Синдром“ ќе се одржи утре, четврток во книжарницата „Икона“ со почеток во 20 часот./крај/сл
Култура
- Жулиет Бинош одби неколку улоги ...02 септември 2010
- Светската театарска елита на 35....02 септември 2010
- Тарантино со пофалби за изборот ...02 септември 2010
- Ѕвездите на светската книжевност...01 септември 2010
- Почнува филмскиот фестивал во Ве...01 септември 2010
- Награда за животно дело на Вилмо...31 август 2010
- Биенале на архитектура во Венеци...30 август 2010
- Концерт на италијанскиот пијанис...29 август 2010


