Велешанец трипати силувал малолетник
Грозоморен чин во Велес - 46 годишниот С.Н. силувал 16 годишен малолетник, и му се заканувал по живот ако го пријави.
Силувањето се случило во jануари годинава, кога пријавениот сторител и малолетникот, кои претходно се познавале, започнале расправија пред трговскиот центар во Нова населба во Велес. Сведоци на расправијата биле повеќе граѓани, по што осомничениот С.Н. го присилил малолетникот да тргне со него до една стара запуштена куќа во близина на трговскиот центар каде го извршил половото дејство врз него.
За да не го пријави во полиција, С.Н. му се заканил на малолетниот дека ќе му го одземе животот. Користејќи ги заканите во наредните две недели уште двапати го силувал малолетникот.
Поради страв и срам, малолетникот не зборувал со никого за случајот се додека тоа не го откриле надлежните лица во средното училиште каде тој учел.
Делото е пријавено во велешката полиција која го привела осомничениот 46 годишен велешанец, кој го негирал делото, но бил идентификуван од малолетникот.
Од СВР Велес известија дека до основното јавно обвинителство против лицето С.Н. денеска поднеле кривична пријава за силување поради основано сомневање за стореното дело. /крај/со/ко
Македонија
- Убиство во Аеродром02 септември 2010
- Состојба на патишта02 септември 2010
- Инфо- Кратки најави за петок(03....02 септември 2010
- Забелешките на антикорупционерит...02 септември 2010
- Драган Ѓорѓевиќ побегнал во Алба...02 септември 2010
- НД против, ЛДП воздржани за Дело...02 септември 2010
- Деловникот на гласање во вторник...02 септември 2010
- Идејното решение за изградба на ...02 септември 2010


