БАРАЈ
 
АРХИВА | EN | AL
Е-поштаПечатиСподели

Три недели пауза за Марио Гомез

10 март 2010, 13:28
Извор: Макфакс
Минхен

Фудбалерот а Баерн Минхен ќе отсуствува од фудбалските терени околу три недели по повредата од вчерашниот натпревар против Фиорентина од Лигата на шампионите.

Марио Гомез беше заменет по само 30 минути со Мирослав Клосе.

Докторот на Баерн, Ханс Вилхем Милер изјави за официјалниот сајт на „Баварците“ дека Гомез го очекува две до три недели мирување по повредата на мускулот.

Баерн Минхен на вчерашниот натпревар во Фиренца против Фиорентина изгубија со резултат 3:2  но се пласираа во четврт- финалето поради подобра гол разлика на гостински терен.

Гомез би  можел да се врати во игра на време за дербито на Баерн против неговиот поранешен клуб Штудгарт на 27 март./крај/гол/сл

Copyright 2010 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.


БЕРЗАНСКИ ИНДЕКСИ