Избран новиот Управен одбор на ЕВН Македонија
Австрискиот инженер Вернер Хенгст од први април стапува на функцијата претседател на Управниот одбор на компанијата ЕВН Македонија, соопштија денеска од компанијата.
Хенгст има долгогодишно искуство во областа на дистрибуција на електрична енергија како во Австрија така и во Бугарија како дел од тамошните компании на ЕВН групацијата. Изминативе години Хенгст како заменик Претседател на Управниот одбор на бугарската компанија за дистрибуција на електрична енергија, даде значителен придонес за подобрување на сигурноста на снабдувањето, но и суштински поттик во делот на проширување на мрежата и нови приклучоци
За негов заменик е назначен Волфганг Шефер кој досега беше одговорен за делот советување и услуги за потрошувачите како и за енергетската ефикасност.
“Со назначувањето на дипл. инж. Вернер Хенгст и инж. маг. Волфганг Шефер добиваме двајца искусни ЕВН менаџери, кои и во следните години консеквентно ќе продолжат да ја водат компанијата во насока на зголемување на сигурноста на снабдувањето и подобрување на услугите за потрошувачите.“-рече Петер Лаер, член на Управниот одбор на ЕВН Концернот и Претседател на Надзорниот одбор на EVN Македонија, по денешната седница.
По успешното реструктуирање и интегрирање на компанијата, како и по истекување на нивниот четиригодишен мандат како Управен одбор на ЕВН Македонија Георг Валднер (35) и инж. Карл Хајнц Грасман (53) ќе се посветат на нови задачи во EVN Концернот, се вели во соопштението до компанијата./крај/со/вм
Македонија
- Убиство во Аеродром02 септември 2010
- Состојба на патишта02 септември 2010
- Инфо- Кратки најави за петок(03....02 септември 2010
- Забелешките на антикорупционерит...02 септември 2010
- Драган Ѓорѓевиќ побегнал во Алба...02 септември 2010
- НД против, ЛДП воздржани за Дело...02 септември 2010
- Деловникот на гласање во вторник...02 септември 2010
- Идејното решение за изградба на ...02 септември 2010


