БАРАЈ
 
АРХИВА | EN | AL
Македонија
Е-поштаПечатиСподели

Стечајците ќе ги радикализираат протестите

10 март 2010, 13:30
Извор: Лисица
Велес

Здруженија на стечајците денеска најавија дека нема така лесно да се откажат од барањето за реализација на нивните права, откако вчерашните протести пред владата се покажаа како неуспешни.

Стечајните работници најавија протест пред владата за наредната недела, нагласувајќи дека тој ќе биде порадикален од досегашните.

„Не се откажуваме од нашите барања и ќе продолжиме со протести порадикализирани и поинакви од досегашните со нова маршута и со поинакви тонови“, изјави претседателот на здружението „СТРАВ“ Томислав Крстиќ.

Стечајните работници ги отфрлија тврдењата дека протестите се изрежирани од некоја политичка партија и се оградија од ваквите изјави потенцирајќи дека сите досегашни активности биле финансирани со нивни сопствени средства. Помош од Синдикатот добиле само за последните два протеста за покривање на патните трошоци.

Првиот човек на регионалниот синдикален совет Димитар Андонов денеска јавно застана зад барањата на стечајните работници.

„Не држат објаснувањата на премиерот Груевски дека фирмите биле приватни, кога од документите за сопственоста на фирмите со кои располага синдикатот се гледа дека тие се со државен капитал“, изјави Андонов.

Стечајците денеска упатија јавна покана до сите 120 пратеници да присуствуваат и да ги поддржат наредните протести, а поканата е упатена и до сите релевантни структури во Македонија./крај/лисица/иа

Copyright 2010 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.


Македонија

БЕРЗАНСКИ ИНДЕКСИ