БАРАЈ
 
АРХИВА | EN | AL
Економија
Е-поштаПечатиСподели

ТТК Банка претстави неколку нови производи

10 март 2010, 13:49
Извор: Макфакс
Скопје

Раководството на ТТК Банка денеска претстави неколку нови производи, со цел да ја здобие довербата на клиентите и да го зголеми пазарниот удел.

ТТК Банка во 2010 година ќе се обиде да го освои на пазарот преку ненаменски потрошувачки кредит „Изи“, кредит за возила, станбен кредит и кредит за школување.

Претседателот на Управниот одбор на ТТК Банка, Драгољув Арсовски не ја исклучи можноста во блиска иднина да дојде до намалување на каматите.

„Нашите прогнози и анализи што ги правиме за 2010 година одат во правец на намалување на каматните стапки и тоа е раководено од вкупниот ризик во работењето“, изјави Арсовски.

Тој информираше дека ТТК банка планира да ги зголеми кредитнитe пласмани во стопанството и значително да намали со купувањето на благајнички записи.

„Крајна цел на банката е корпоративното работење, но се додека има интерес банките ќе вложуваат и во благајнички записи и во државни записи“, рече Арсовски. /крај/ап/

Copyright 2010 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.


Економија

БЕРЗАНСКИ ИНДЕКСИ