БАРАЈ
 
АРХИВА | EN | AL
Македонија
Е-поштаПечатиСподели

Координативно тело: Состојбата со водостојот е стабилна

10 март 2010, 13:52
Извор: Макфакс
Поврзани Вести
Специјализирани тимови во...

Специјализирани тимови во...

Пронајдено телото на еден...

Скопје

Состојбата со водостојот во земјава е стабилна, но ќе продолжат превентивните активности секаде каде што е забележан висок водостој.

Ова се вели во денешното соопштение од Координативното тело за превенција на природни непогоди што работи во рамките на Министерството за транспорт и врски.

Оттаму информираат дека водостојот на Охридското езеро и натаму останува непроменет и останува на истото ниво како во текот на вчерашниот ден.

„Екипи на Дирекцијата за заштита и спасување се на теренот долж охридското крајбрежје и ги чистат каналите и речните корита на повеќе потези. Веќе е исчистен еден дел од коритото на реката Даљанска, а продолжува и чистењето  на Коселска река и делот од реката Црн Дрим, наречен Мал Дрим“, се вели во соопштението од Координативното тело.

Исто така, во тек се активностите за поставување на насип со камења на потегот од Езерски Лозја до Сатеска, како и  поставувањето на насип од вреќи со песок на брегот на реката Црн Дрим, со цел да се порамни нивото на крајбрежјето со реката.  Истовремено со овие активности се чисти и каналот на потегот од Мислешево до Црн Дрим.

Од Координативното тело додаваат дека продолжуваат активностите за уредување на коритото на Црн Дрим на потегот кај селото Луково, како и на потегот од Калишта до Радожда.

Според нив пренасочување во должина од 5 километри и натаму има на патниот правец од Битола кон Ресен./крај/со/вм

Copyright 2010 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.


Македонија

БЕРЗАНСКИ ИНДЕКСИ