Шведските медиуми повторно ја објавија карикатурата на пророкот Мухамед
Карикатура со пророкот Мухамед на која е прикажан со тело на куче повторно е објавена во шведските медиуми.
Објавувањето доаѓа само еден ден откако во Ирска беа уапсени седуммина осомничени, кои планирале убиство на шведскиот карикатурист Ларс Вилкс затоа што го навредил исламот.
Во знак на поддршка на Вилкс, шведскиот весник “Дагенс Хитер“, го критикува заговорот како напад на слободното изразување.
Таблоидот “Експресен“ ја објави карикатурата со фотографија на авторот и според пишуваното, тоа го направиле за да им овозможат на читателите увид во спорната карикатура, како и поради одбрана на слободата на изразување што се повеќе е загрозена.
Спорните карикатури за прв пат беа објавени во 2007 година, а терористичката организација Ал Каеда понуди 100.000 долари на оној што ќе го убие карикатуристот. /крај/хи/см
Свет
- Нетанјаху и Абас ја потврдија за...02 септември 2010
- Обама е охрабрен од напредокот в...02 септември 2010
- Експлозија на нафтена платформа ...02 септември 2010
- Преку 100 работници загинале при...02 септември 2010
- Во Кина сообраќаен застој долг 1...02 септември 2010
- Израел и Палестина почнуваат дир...02 септември 2010
- Ден на жалост во Словачка02 септември 2010
- Советот на Европа против сексизм...02 септември 2010


