БАРАЈ
 
АРХИВА | EN | AL
Македонија
Е-поштаПечатиСподели

НД и ДУИ несогласни околу работата на Комитетот за односи меѓу заедниците

10 март 2010, 14:03
Извор: Макфакс
Скопје

Со контрадикторниот став на ДУИ за нашиот предлог за функционирањето на Комитетот за односи меѓу заедниците паднаа маските и се покажа кому не му одговара ова тело да функционира.

Со ваков став денеска излезе пратеникот од Нова Демократија Флора Кадриу. Нејзината партија вчера предложи кворумот за работа на Комитетот да не се обезбедува со двотретинско мнозинство, туку со просто мнозинство од сите членови. Најавија и барање за измени на Уставот во тој дел.

„Ќе бараме измени во Уставот во делот на функционирањето на комитетот, затоа што со членот 12 се укажува дека одлуките во Комитетот се носат со мнозинство на гласови. Со цел деблокирање на неговата работа, ќе побараме промени во Уставот на Република Македонија“, изјави Кадриу.

Со реакција се огласија од Демократската унија за интеграција. Според нив, мнозинството што се предлага, е во директна спротивност на интересите на Албанците.

„Кворумот што го предлага Нова Демократија му одговара на ВМРО – ДПМНЕ, поради тоа што од 19 членови во комитетот, 10 се од листата на ВМРО-ДПМНЕ. Сега не ми е јасно кој ги предлага овие измени. Нова Демократија?!“, изјави Џевад Адеми, пратеник од ДУИ.

Според него, „НД не треба да се занимаваат со проблеми кои не се проблеми“. /крај/ач

Copyright 2010 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.


Македонија

БЕРЗАНСКИ ИНДЕКСИ