Илир Мета во историска посета на Белград
Автор: Сашо Таневски
11 март 2010, 07:42
Извор: Макфакс
Албанскиот вицепремиер Илир Мета денеска ќе престојува во посета на Белград, при што ќе се сретне со српскиот претседател Борис Тадиќ, со вицепремиерот Божидар Ѓелиќ и со шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ.
Во рамки на дводневната посета ќе стане збор за односите меѓу двете земји, стабилноста на регионот и интеграцијата на балканските земји во Европската унија(ЕУ).
Медиумите додаваат дека тема на разговорите ќе биде и Косово, при тоа потсетувајќи дека се работи за прва посета на висок албански политичар на Белград од 2005. година, кога во Србија престојуваше тогашниот шеф на албанската дипломатија кастриот Ислами.
Мета ќе присуствува и на комеморацијата по повод годишницата од убиството на премиерот на Србија Зоран Ѓинѓиќ. /крај/б/ст
Copyright 2010 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.
Регион
- Грција ја повика Турција да ја п...09 септември 2010
- На 1. октомври стартува железниц...09 септември 2010
- Грција бележи пад на бруто домаш...09 септември 2010
- Предлог-резолуцијата за Косово п...09 септември 2010
- Србија ќе поднесе изменета резол...08 септември 2010
- Три жртви на нилската треска во ...08 септември 2010
- Косовo од Европската Комисија до...08 септември 2010
- Убиен Албанец во Косовска Митров...08 септември 2010


