БАРАЈ
 
АРХИВА | EN | AL
Свет
Е-поштаПечатиСподели

Израелските лабуристи се заканија со напуштање на владата

11 март 2010, 09:39
Извор: Макфакс
Ерусалим

Израелската Лабуристичка партија размислува за напуштање на владината коалиција со партијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, соопшти денеска израелскиот министер за земјоделие Шалом Симхон.

Симхон нагласи дека Лабуристичката партија е незадоволна со најновата одлука на владата за изградба на нови населби на палестински територии.

„Нам ни е се потешко да учествуваме во сегашната владејачка коалиција бидејќи сме посветени на обнова мировниот процес со Палестинците“, истакна Симхон.

Изјавата на Симхон доаѓа по најавата на израелската влада за изградба на 1600 домови во источен Ерусалим, во моментот кога започнаа индиректни израелско-пакистански мировни преговори со посредство на САД.

Одлуката на Израелските власти ја фрли во сенка посетата на американскиот потпретседател Џозеф Бајден кој изрично го повика Израел да се откаже од ваквиот план.

„Ова е сериозна грешка и за тоа треба да се плати цената“, нагласи Симхон./крај/бт/иа

Copyright 2010 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.


Свет

БЕРЗАНСКИ ИНДЕКСИ