Азилантите ќе пристигнат во Србија
Автобус со првата група државјани од Македонија и Србија, кои се вратени од Белгија каде што бараа азил, во текот на денот треба да пристигне во Прешево.
Во автобусот се наоѓаат 44 лица, од кои околу 23 лица се македонски државјани.
Амбасадорката на Белгија во Србија Денис де Хауер изрази очекување дека после доброволното заминување на првата група, ќе има многу луѓе кои ќе сфатат дека е подобро сами да се вратат, него да бидат принудно вратени во татковината.
Според амбасадорката, наглото зголемување на бројот на емигрантите кои бараат политички и економски азил, е голем проблем за двете држави.
Амбасадорката де Хауер оцени дека моменталната состојба илегалните имигранти не може да влијае за укинување на визната либерализација за овие две земји , но постои можност за преиспитување на одлуката за визна либерализација доколку не се реши проблемот.
Белгискиот премиер Ив Летерм по враќањето од Балканот порача дека Белгија не се кае за одлуката за укинување на визите, но оти искуството со економските бегалци може да влијае врз следниот бран визна либерализација./крај/бд
Регион
- Грција ја повика Турција да ја п...09 септември 2010
- На 1. октомври стартува железниц...09 септември 2010
- Грција бележи пад на бруто домаш...09 септември 2010
- Предлог-резолуцијата за Косово п...09 септември 2010
- Србија ќе поднесе изменета резол...08 септември 2010
- Три жртви на нилската треска во ...08 септември 2010
- Косовo од Европската Комисија до...08 септември 2010
- Убиен Албанец во Косовска Митров...08 септември 2010


