Апарат за гаснење пожар и рефлектирачки елек задолжителни во возилата
Автор: Сашо Таневски
11 март 2010, 09:44
Извор: Макфакс
Апарат за гаснење пожар и сигурносен-рефлектирачки елек од денеска се задолжителни во секој патнички автомобил, автобус, или товарно возило.
Одлуката стапува на сила согласно Правилникот за задолжителна опрема во возилата. Апаратот за пожар треба да биде поставен на видно место или на место лесно за дофат. Апаратот треба да биде од два килограми, наполнет со прашок АБЦ.
Сигурносниот елек возачот треба секогаш да го облекува кога го напушта своето возило во мрак, кога менува гума, става бензин.
Елекот е со жолта боја прилагоден по EN-471 стандардот за видливост на облеката за предупредување на големо растојание. /крај/амсм/ст
Copyright 2010 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.
Македонија
- Баросо: Време е да се донесе одл...09 септември 2010
- Македонија на 79-то место според...09 септември 2010
- Приведени познати фалсификатори ...09 септември 2010
- Милошоски и Иванов во Брисел09 септември 2010
- Двете штипјанки ги злоставувале ...09 септември 2010
- Студентите задолжително на пракс...09 септември 2010
- Честитка од Груевски до еврејска...09 септември 2010
- Состојба на патиштата за четврто...09 септември 2010


