БАРАЈ
 
АРХИВА | EN | AL
Занимливости
Е-поштаПечатиСподели

Од Пекинг до Лондон со воз за два дена

11 март 2010, 09:51
Извор: Макфакс
Пекинг

Кинезите најавуваат изградба на железничка траса слична на Ориент Експрес која ќе поминува низ Европа и со која од Пекинг до Лондон ќе се стигнува за два дена.

Оваа железничка линија би ја финансирале земјите од Блискиот Исток, Азија и Индија во замена за пристап до природни ресурси во земјите низ кои ќе поминува трасата.

Според амбициозниот проект на Кинезите во план по трасата да се движат возови  со брзина од 320 километри на час.

Главната траса на оваа железничка линија би ги поврзувала Пекинг и Лондон, а би поминувала и низ Париз, Берлин, Варшава, Киев, Сант Петерсбург, Москва, Астана и областа Кабаровска во крајниот исток на Русија. Иако авионскиот лет од Пекинг до Лондон трае 10 часа, сепак Ванг Менгшу кој работи како консултант во кинеските железници најавува дека времето потребно да се помине оваа релација би билo два дена.

Кина неодамна го пушти во погон најбрзиот воз на светот, кој може да достигне брзина од 400 км/ч кој ќе се користи и за оваа релација. Според најавите трасата треба да биде завршена во наредните 10 години./крај/вм

Copyright 2010 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.


Занимливости

БЕРЗАНСКИ ИНДЕКСИ