Повторно слаб промет на македонската берза
При денешното тргување на македонската берза за хартии од вредност, сите три индекси забележаа повторно намалување на својата вредност исто така при мал промет на тргување кој изнесуваше 10.879,496,00 денари. Прометот на официјалниот пазар изнесуваше 8,196,641,00 денари.
Најтргувана на официјалниот пазар, како и на целата берза беше Комерцијална Скопје со промет од 5,169,081,00 денари. Просечната цена изнесуваше 3,106,42 денари, што значеше намалување од 1,15% на дневна основа. Истргувани беа 1,664 акции кои се реализираа преку 35 трансакции.
Втори по вредноста на тргување беа акциите на Алкалоид Скопје со промет од 1,170,565,00 денари. Просечната цена од 4,626,12 денари резултираше со пад од 2,37%. Минималната цена изнесуваше 4,600,00 денари, а максималната 4,680,00 денари. Истргувани беа вкупно 253 акции кои се реализираа преку 225 трансакции.
Помеѓу најликвидните од официјалниот пазар беше и обвзниците од денационализација од осмата емисија со реализирани скромен промет од 318,678,00 денари кој се откупуваа по просечна цена од 84,69 проценти од номиналната вредност со нив се истргуваа 6,109 обврзници од 3 реализирани трансакции.
Од редовниот пазар втор ден по ред најмногу се тргуваше со Македонски Телеком Скопје при промет од 1,965,812,00 денари. При просечна цена од 502,25 денари. Минималната цена изнесуваше 500,00 денари а максималната 510,00 денари.
Пет најтргувани хартии од вредност
1. Комерцијална банка Скопје
2. Македонски Телеком
3. Алкалоид Скопје
4. Тутунска банка Скопје
5. Р. Македонија денационализација осма емисија
Хартии од вредност со најголем раст
1. Стопанска Банка Битола 0,86%
Хартии од вредност со најголем пад
1. РЖ Инжинеринг Скопје 20%
2. Бетон Скопје 12,5%
3. РЖ Техничка контрола 9,85%
4. Стопанска банка Приоритетни Скопје 8,67%
5. Топлификација 4,97%
Македонија
- Баросо: Време е да се донесе одл...09 септември 2010
- Македонија на 79-то место според...09 септември 2010
- Приведени познати фалсификатори ...09 септември 2010
- Милошоски и Иванов во Брисел09 септември 2010
- Двете штипјанки ги злоставувале ...09 септември 2010
- Студентите задолжително на пракс...09 септември 2010
- Честитка од Груевски до еврејска...09 септември 2010
- Состојба на патиштата за четврто...09 септември 2010


