БАРАЈ
 
АРХИВА | EN | AL
Македонија
Е-поштаПечатиСподели

Друцас: Постои сè поголема наклонетост за грчката црвена линија

16 март 2010, 16:16
Извор: Макфакс
Атина

Грчката црвена линија за спорот со името е јасна и добро позната. Мислам дека постои се поголема наклонетост од меѓународната заедница, вели алтернативниот шеф на грчката дипломатија  Димитрис Друцас за радио „Флеш“.

„Ова е добро позната грчка позиција, која, смеам да речам, е разбрана од сите и мислам дека се повеќе постои разбирање за оваа позиција“, вели Друцас, повторувајќи дека во однос на спорот со името се залагаат за име со географска одредница за севкупна употреба.

Друцас во интервјуто одбива да ги коментира мотивите на Комесарот за проширување, Штефан Фуле, за употребата на уставното име на Македонија во јавните настапи.

„Грчката влада прави сериозни напори за разрешување на ова прашање, и постапките како онаа на Комесарот Фуле не помагаат за постигнување на решение за ова прашање. Испраќа погрешна порака до властите и народот во Скопје. Ова го нагласивме на најсилен можен начин“, објаснува Друцас во интервјуто за „Флеш“. /крај/флеш/ач

Copyright 2010 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.


Македонија

БЕРЗАНСКИ ИНДЕКСИ