БАРАЈ
 
АРХИВА | EN | AL
Свет
Е-поштаПечатиСподели

Чешка туристичка агенција ги понуди првите геј аранжмани

16 март 2010, 16:34
Извор: Макфакс
Прага

Чешка туристичка агенција го претстави првиот чешки каталог за лезбејки и хомосексуалци - „Pink go“, во кој се нудат аранжмани за нив во 30 места низ светот.

Во „розовиот“ каталог, агенцијата нуди проверени хотели и места за одмор каде е сигурно дека никој нема да ги загрози или нападне партнерите од ист пол.

Пинк аранжманите на агенцијата ЕSO, која досега била специјализирана за егзотични земји, се најразлични: од евро-викенди во градовите познати по толеранцијата спрема хомосексуалците како - Берлин, Барселона, Лисабон и Стокхолм, па се до егзотични летувања на Балеарските острови и луксузни крстарења.

„На хомосексуалците сигурно ќе им се допадне пред се’ чувството на сигурност и фактот дека никој нема да ги нападне за време на одморот,“ изјави за чешките медиуми, продуцентот Џенис Сидовски, менаџер на поп ѕвезди кој ја поздрави понудата на агенцијата. Тој беше меѓу првите кој го искористи правото, кое пред неколку години го дадоа чешките закони, да се венча со својот долгогодишен партнер.

„Во текот на првата сезона би сакале да добиеме 1.000 клиенти, додека наредната година очекуваме околу 5.000,“ изјави косоптсвеникот на компанијата, Томас Чикан, на промоцијата на каталогот.

Чешките експерти за туризам оценуваат дека каталогот е одличен маргетингшки потег, бидејќи постојат само уште две такви понуди во Европа: во Велика Британија и во Германија.

„Хомосексуалците се обично образовани и добро ситуирани клиенти кои трошат повеќе од хетеросексуалците. Во САД просечната потрошувачка на хомосексуалните туристи по човек е 800 долари, додека за хетеросексуалците истата е 540 долари,“ изјави Томио Окамура од Асоцијацијата на чешките туристички агенции.

Меѓу европските градови кои се наведени како „пријателски спрема хомосексуалците“, и со разновидна понуда е и самиот главен град на Чешка, Прага. /крај/бе/ко

Copyright 2010 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.


Свет

БЕРЗАНСКИ ИНДЕКСИ