БАРАЈ
 
АРХИВА | EN | AL
Градови
Е-поштаПечатиСподели

Скопје: Избран најповолен понудувач за закуп на земјиште во Сарај

16 март 2010, 17:39
Извор: Макфакс
Скопје

Југоисточно-европскиот Универзитет од Тетово е избран за најповолен понудувач на јавното наддавање за земање под долготраен закуп на 99 години на државно градежно земјиште, што се наоѓа во општина Сарај.

Министерството за транспорт и врски, соопшти дека Југоисточно-европскиот Универзитет дал највисока понуда за едногодишна закупнина во износ од 448.035 денари за локацијата со вкупна површина од 21.335 м2.

Тој е задолжен во рок од 15 дена да ги уплати средствата за едногодишна закупнина согласно постигнатата цена од јавното наддавање. По извршената уплата во утврдениот рок со најповолниот понудувач  се склучува договор за долготраен закуп со кој најповолниот понудувач се обврзува дека предвидениот објект ќе го изгради во рок од три години.

Доколку средствата не се уплатат во предвидениот рок ќе се смета дека земјиштето не е дадено под закуп, а депонираните средства на најповолниот понудувач нема да му бидат вратени./крај/со/ин

Copyright 2010 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.


Градови

БЕРЗАНСКИ ИНДЕКСИ