Објавени македонските победници на „Југоисток 24-7“
Проектот „Југоисток 24-7“ кој се одржа пред еден месец ги објави победниците за локалниот и меѓународниот натпревар на фотографии за однапред најавени теми.
Победници од Македонија кои учествуваа на натпреварот за избор на фотографија се: Викторија Бачварова со тема „Куќа од соништата“, Атанас Бајлозов за „Внимание!“, Роберт Захариев со „Утопија“, Кирил Пенушлиски и Дејан Колевски со заедничката фотографија „Град, земја, река“, Иван Илиев за „Темпо“, Вацлав Лукиќ за „Произведено во Македонија“ и Татјана Ранташа заедно со Менче Петреска за двете фотографии „Отворено“ и „Германски?“.
Двајца претставници од Македонија се вклучени и во меѓународниот избор: Елена Ѓероска и тимот составен од Мартин Шредер и Јасмина Ристеска. Тие ќе учествуваат на изложбата што на 2 април ќе се одржи во Унгарија во рамки на манифестацијата Печуј, европски град на културата 2010./крај/со/ин
Култура
- Театарска претстава од Бугарија ...07 септември 2010
- Отворена изложба на фотографии з...06 септември 2010
- Даут пашин амам :Ретроспективна ...06 септември 2010
- Илуминација на Скопското кале06 септември 2010
- Изложба на нордиски моден дизајн04 септември 2010
- Нордиски културен викенд во Скоп...03 септември 2010
- Стартува „Средства без цел, знае...03 септември 2010
- Жулиет Бинош одби неколку улоги ...02 септември 2010


