Осомничениот Хаџибулиќ во Ургентен центар
Осомничениот за убиството кај Универзална сала, Харун Хаџибулиќ доцна попладнево со силно полициско обезбедување е пренесен во Ургентниот центар, откако се пожалил на гадење и болки во стомакот.
Извори од болницата за Макфакс потврдија дека осомничениот за вчерашното пукање кај Универзална сала, во кое беше убиено едно лице, се наоѓа во Ургентниот центар и дека неговата состојба е стабилна.
Неговиот адвокат Мирослав Вујиќ вели нема информации дека на неговиот клиент му се слошило.
За Макфакс изјави дека се уште го чекаат осомничениот Хаџибулиќ кај Истражниот судија заедно со другиот осомничен Јасмин Лесковица и јавниот обвинител.
Убиството се случи вчера пред кафулето Карма, кај Универзална сала околу 16:40 часот. Расправијата започнала во влезот од една од зградите во изградба.
Двајцата напаѓачи насилно ги внеле тројцата оштетени и почнале најпрвин вербална расправија.
Почнале да го удираат триесет и шестгодишниот Кенан Кучевиќ со тупаници и клоци пред неговиот дваесетиедногодишен внук и триесет и четири годишниот пријател Мирсад Криешторац.
Во еден момент еден од осомничените, најверојатно Лесковица, извадил пиштол и почнал да пука во Мирсад Криешторац. Му нанел тешки повреди во стомакот, надлактицата и надколеницата.
Двајцата осомничени се обиделе да избегаат со возило „шкода октавија“, по што беа уапсени од алфите. Криешторац по кратко време им подлегна на повредите во Ургентниот центар, додека Кучевиќ заврши само со полесни повреди. /крај/фф
Македонија
- Баросо: Време е да се донесе одл...09 септември 2010
- Македонија на 79-то место според...09 септември 2010
- Приведени познати фалсификатори ...09 септември 2010
- Милошоски и Иванов во Брисел09 септември 2010
- Двете штипјанки ги злоставувале ...09 септември 2010
- Студентите задолжително на пракс...09 септември 2010
- Честитка од Груевски до еврејска...09 септември 2010
- Состојба на патиштата за четврто...09 септември 2010




