БАРАЈ
 
АРХИВА | EN | AL
Економија
Е-поштаПечатиСподели

Постапка за царинење е започната за 247 возила

Автор:
16 март 2010, 19:16
Извор: Макфакс
Скопје

Царинската управа на Република Македонија, соопшти дека до денеска напладне започната е постапка за царинење на вкупно 247 возила, од кои конечно се оцаринети 77 возила.

Царината од 13. март годинава започна со царинење на нови и употребувани возила, согласно промените во Законот за царинска тарифа и промените во Законот за акцизи, а пред стапувањето во сила на промените беа ускладиштени околу 1100 возила кои чекаа започнување на царинска постапка.

Царинењето на моторни возила се врши континуирано во ЦИ Скопје 1 , ул. „Колекторска“ бб, Скопје; ЦИ Скопје 2,  ул.34  бб, Скопје; ЦИ Скопје 3,  ул. ,,15ти Корпус,, бр.2, Скопје; ЦИ Куманово, магистрален пат М1 делница Табановце-Куманово, 7 км од Табановце; ЦИ Штип, ул. „Брегалничка“ бб Штип; ЦИ Гевгелија, граничен премин Богородица; ЦИ Битола, „Краварски пат“ бб, Битола./крај/со/мп

Copyright 2010 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.


Економија

БЕРЗАНСКИ ИНДЕКСИ