„Гранит“ позајми 23 милиони евра од "Комерцијална банка"
Градежната компанија „Гранит“ зеде револвинг кредит вреден 23,2 милиони евра. Тоа е 46,4 проценти од книговодствената вредност на имотот на компанијата.
Кредитот „Гранит“ ќе го користи во најголем дел за обезбедување на банкарски гаранции и за веќе преземени и следни преземања на работи во земјата и странство. Како залог за кредитот, компанијата ги ставила под хипотека управна зграда и хотелот во Скопје, деловен објект во Битола, стопански комплекс во Каменица, хотел во Охрид, деловен објект во Делчево како и дел од градежна механизација и товарните возила.
„Гранит“ успешно работи во повеќе странски земји во кои има и свои претставништва, меѓу кои во: Германија, Русија, Албанија, Бугарија, Украина, Хрватска и Црна Гора.
Пред неколку дена компанијата склучи договор за изградба на новата судска зграда -Кривичен суд во Скопје во вредност од 465,1 милиони денари.
Минатата година "Гранит" оствари 336.924 илјади денари нето добивка, што е за 56.902 илјади помалку во однос на нето добивката остварена во 2008 година.
Оперативните приходи ланската година беа на ниво од 3.927.692 илјади денари, а оперативните расходи на ниво од 3.729.397 илјади денари.
„Гранит“ минатата година ги зголеми приходите за 448.387 илјади денари, на 3.703.886 илјади денари.
Економија
- ЕЦБ ја зголеми прогнозата за еко...02 септември 2010
- Oбезбедена дополнителна квота на...02 септември 2010
- Е-купувањето оди во нагорна лини...02 септември 2010
- „Оне": Finance пишува невистини02 септември 2010
- Македонците сакаат да соработув...02 септември 2010
- Телеком Словенија ги продава про...02 септември 2010
- Протест на камионџиите ако не се...02 септември 2010
- Благ пораст на индексите02 септември 2010


