Груевски писмено го известил Фуле за реформите во судството
Владата е фокусирана кон оние работи кои се одредени како слабост од страна на Европската унија и продолжува со менување на состојбите во судството, јавната администрација, организираниот криминал и корупцијата.
Премиерот Никола Груевски денеска изјави дека со новите закони во судството, се очекува да почнат да се менуваат крупни работи во овие област кон подобро.
Тој испратил писмо до Штефан Фуле за да му ги објасни деталите кои се преземаат во оваа област.
„Некои од овие закони може да се усвојат некаде во септември или октомври а поголем дел од нив имаат одложено дејство за 2011-2012 година. Како што влегуваат во сила, така ќе се менуваат многу крупни работи“, изјави Груевски.
Во писмото до Фуле тој навел дека МВР ќе се откаже од одредени ингеренции кои ќе бидат во рацете на јавниот обвинител. Ваква била праксата во Италија и Германија, а ова го препорачале и европските експерти.
Државната администрација ќе се подобрува со ангажирање на експерт од Словенија кој е поранешен Министер за јавна администрација во Словенија.
Груевски изјави дека Владата не планира да формира посебно министерство да за јавна администрација и дека овој сектор ќе се регулира во постојното Министерство за информатичко општество./крај/фф
Македонија
- Убиство во Аеродром02 септември 2010
- Состојба на патишта02 септември 2010
- Инфо- Кратки најави за петок(03....02 септември 2010
- Забелешките на антикорупционерит...02 септември 2010
- Драган Ѓорѓевиќ побегнал во Алба...02 септември 2010
- НД против, ЛДП воздржани за Дело...02 септември 2010
- Деловникот на гласање во вторник...02 септември 2010
- Идејното решение за изградба на ...02 септември 2010


