Груевски: Економијата се придвижува
Македонскиот премиер Никола Груевски денеска изрази оптимизам дека домашната економија позитивно се придвижува, но напомена дека многу нешта ќе зависат од збиднувањата во Европа.
„Со внимание го следиме процесот на придвижување во Европа, бидејќи нашата економија е поврзана со ЕУ. Антикризните мерки на владата се спроведуваат и се надевам дека со овие мерки и движењата во Европа ќе имаме подобрување “, изјави Груевски.
Тој очекува македонската економија во вториот квартал да има поуспешен резултат од претходниот, кога беше забележана негативна стапка на раст.
Кризата не се продлабочува. Во последните два до три месеци постојат придвижувања, за разлика од јануари и февруари и се надевам дека овие придвижување ќе го направат вториот квартал поуспешен од првиот, рече Груевски.
Македонскиот премиер денеска најави дека на повидок е голема можност за пласман на македонскиот тутун во Кина.
„Кинезите се интересираат за тутунот во Македонија и во август ќе дојдат кинески експерти на терен да го испитаат македонските тутун“, изјави Груевски, додавајќи дека на повидок е добра зделка.
Премиерот Груевски изрази задоволство што претставниците на владата и раководството на компанијата „ЕВН Македонија“, по долго преговори нашле заеднички јазик.
„Постоеја крупни несогласувања и несоодветно однесување од страна на ЕВН, но во меѓувреме ЕВН направи некој сериозни чекори, направи промена на менаџментот, го сменија пристапот и по долги разговори информиран сум дека работите се поставени во една правилна насока, во смисла на решавање на сите отворени прашања, изјави Груевски.
Тој смета дека ако двете страни ја почитуваат начелно договорената методологија, ќе се решат сите отворени прашања. /крај/фф/ап/
Економија
- ЕЦБ ја зголеми прогнозата за еко...02 септември 2010
- Oбезбедена дополнителна квота на...02 септември 2010
- Е-купувањето оди во нагорна лини...02 септември 2010
- „Оне": Finance пишува невистини02 септември 2010
- Македонците сакаат да соработув...02 септември 2010
- Телеком Словенија ги продава про...02 септември 2010
- Протест на камионџиите ако не се...02 септември 2010
- Благ пораст на индексите02 септември 2010


