Ќе се формира нов Национален ургентен траума центар
Владата основа нов Национален ургентен траума центар кој ќе интегрира четири клиники, соопшти Министерот за здравство Бујар Османи.
„Оваа нова установа која беше основана со одлука на владата ја сочинуваат сегашната универзитетска клиника за трауматологија, универзитетската клиника за ортопедија, клиниката за анестезија и реанимација и интензивно лекување и ургентниот центар“ изјави Османи.
Целта на оваа нова клиника ќе биде да се скрати времето на чекање на пациентите, нивен подобар третман и да се спречи препраќање на пациентите од една на друга клиника.
Од денеска почнуваат да течат роковите во централниот регистер и назначувањето на новиот управен одбор на клиниките. Вршител на должност ќе биде сегашниот директор на Ургентниот центар, Реџеп Селмани.
Со новата стратегија ќе се воспостават итни медицински служби во сите градови во Македонија, како и создавање на регионални центри за итна медицинска помош.
Владата на денешната седница, по катастрофалниот извештај во родилиштата во Македонија одобрила вработување на над 20 гинеколози специјалисти во сите родилишта во Македонија./крај/фф
Македонија
- Убиство во Аеродром02 септември 2010
- Состојба на патишта02 септември 2010
- Инфо- Кратки најави за петок(03....02 септември 2010
- Забелешките на антикорупционерит...02 септември 2010
- Драган Ѓорѓевиќ побегнал во Алба...02 септември 2010
- НД против, ЛДП воздржани за Дело...02 септември 2010
- Деловникот на гласање во вторник...02 септември 2010
- Идејното решение за изградба на ...02 септември 2010


