БАРАЈ
 
АРХИВА | EN | AL
Регион
Е-поштаПечатиСподели

Словенија и Хрватска наскоро ќе го решат проблемот „Љубљанска банка“

31 јули 2010, 16:16
Извор: Hina/ Фото: Index hr
Бохињ

Словенечкиот премиер Борут Пахор и неговата хрватска колешка Јадранка Косор денеска во Бохињ изразија очекување дека прашањето за „Љубљанска банка“ ќе биде решено во наредните три месеци.

Како што пренесе хрватската агенција Хина, двајцата премиери се договориле проблемот на хрватските штедачи во  „Љубљанска банка“ да биде решен врз основа на меѓународниот договор за почитување на правата на поединецот.

„Ја одредивме насоката на решението за тоа прашање и претпоставуваме дека тоа ќе биде завршено во наредните три месеци“, рече Пахор.

„Договоривме насока по која ќе одиме и сигурна сум дека ќе не донесе до решение. Прашањето ќе се решава врз основа на потпишани меѓународни договори, а ќе се води сметка и за индивидуалните права“, изјави Косор.

Двајцата премиери најавија дека веднаш ќе им дадат упатства на своите соработници, кои во тивка дипломатија ќе треба да го изработат решението за хрватските  штедачите на  „Љубљанска банка“.

Словенечката банка кон 130.000 хрватски штедачи има долг од 160 милиони евра, без камати, кој се влече од 1993 година, кога словенечкиот парламент активата на „Љубљанска банка“ ја префрли на новоформираната  „Нова Љубљанска банка“

Првичниот долг изнесуваше 420 милиони евра, но хрватска во својот јавен долг превзема 260 милиони евра. Истовремено словенечката банка од хрватските претпријатија побарува околу 157 милиони евра. /крај/хина/ап/

Copyright 2010 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.


Регион

БЕРЗАНСКИ ИНДЕКСИ