Makfaks

06 февруари 2012 - 11:14 PM

Чешка ја запира ратификацијата на ACTA

Чешкиот премиер Пeтр Нечас во понеделникот најави дека неговата влада го запрела процесот на ратификација на меѓународниот договор за заштита на интелектуалната сопственост на итнернет – ACTA кој е остро критикуван во многу земји и во самата Чешка.

Чешкиот премиер Пeтр Нечас во понеделникот најави дека неговата влада го запрела процесот на ратификација на меѓународниот договор за заштита на интелектуалната сопственост на итнернет – ACTA кој е остро критикуван во многу земји и во самата Чешка.

Владата никако не може да се помири со ситуацијата во која се загрозени темелните слободи и слободниот пристап на информацијата, изјавил премиерот Петр Нечас, пренесува чешката агенција CTK. Според премиерот, владата наскоро ќе го проучи влијанието на ратификацијата на овој договор врз „вистинскиот живот“.

Чешка е една од 22-те европски држави коишто во јануари го потпишаа овој мултирален договор кој треба да го спречи незаконското преснимување и преземање материјали од интерент. И владата на Полска деновите го сопре преоцесот за ратифиакција по бранот протести во земјата.

За да стапи на сила овој документ во земјите, мора да го ретификуваат националните парламенти.

Последните денови во Прага и во другите поголеми чешки градови беа одржани повеќе протести на кои учесниците го изразија својот револт оценувајќи го документот како „удар врз слободата и демократијата“.

„Догворот ACTA претставуа сериозен удар врз граѓанските слободи во Чешка. Мислиме дека парламентот не треба да го ратификува“, изјави минатиот четврток за локалните медиуми Микулаш Ферјенчик, лидер на Чешката пиратска партија, основана по примерот на сличната партија во Шведска.

Повеќето мрежни страници на чешката влада и интернет страниците на партија ODS  на премиерот Нечас деновиве беа цел на кибернетички напади на хакери од групата Anonymous./крај/хи/сн


Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

  vote_up0     vote_down0

0 коментари

Медиа

  • Photo Story

    Министерот за надво...

  • Photo Story

    Средба на премиерот...

  • Photo Story

    Првата детска амбас...

  • Photo Story

    Започна месецот на ...

  • Photo Story

    Бизнис форум во Пек...

  • Photo Story

    Хепенинг во скопски...

  • Photo Story

    Ново живеалиште за ...

  • Photo Story

    Протести против пол...

  • Photo Story

    Запален Олимпискиот...

  • Photo Story

    Се сруши руски авио...

  • Photo Story

    Камен темелник на ф...

  • Photo Story

    Свечена академија п...

  • Photo Story

    Иванов во посета на...

  • Photo Story

    Воена парада на Ден...

 

 За да оставите коментар, потребно е да сте регистриран корисник

 

Нема коментари