БАРАЈ
 
АРХИВА | EN | AL
Регион
Е-поштаПечатиСподели

Папандреу - Грција искрено сака да го реши прашањето со името

Автор:
10 октомври 2009, 15:17
Извор:
Скопје

Македонија и Грција делат заеднички интереси, а Атина има искрена намера и ќе се обидува постојано да бара евентуални варијанти за наоѓање на решение во спорот за името

Ова, како што пренесе Дојче веле на македонски јазик, го изјавил новиот грчки премиер Јоргос Папандреу, додавајќи дека позицијата на Грција во спорот со Македонија е позната и дека тоа е вистинскиот пат за изнаоѓање на едно взаемно прифатливо решение.

Папандреу, кој е и шеф на грчката дипломатија, го повторил и предлогот за прием на сите земји од западен Балкан во Европската унија до 2014 година, со навршувањето на 100 години од почетокот на Првата светска војна. /крај/дв/мп

Copyright 2010 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.


Регион

БЕРЗАНСКИ ИНДЕКСИ