БАРАЈ
 
АРХИВА | EN | AL
Македонија
Е-поштаПечатиСподели

ДО ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА СИТЕ ВЕБ ПОРТАЛИ И РАДИО СТАНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА

26 јануари 2010, 07:53
Извор: Макфакс

На средбата одржана на 24.12.2009, присутните претставници од долупотпишаните медиуми ја утврдија штетата која произлегува од неавторизираното и неконтролираното преземање на информации од овие медиуми во целост или делумно од дел на веб порталите и радио станиците во Република Македонија, со што директно се крши законот за авторски права, но и се нанесува реална штета со намалување на бројот на посети на порталите на медиумите кои ги продуцирале овие вести (информации). Од средбата произлегоа следниве заклучоци:

1.Заради заштита на нашите интереси и почитување на законот, Ве повикуваме како сопственик или одговорно лице на вашиот портал, најдоцна до 01.02.2010 на своите портали, преземените вести да ги објавувате само со наслов (поднаслов), директен линк (URL) до изворната вест, и тоа само оние вести и други информации кои соодветниот медиум би ги публикувал во наменски RSS (Really Simple Syndication) формат и во количина (наслов, датум, линк, фотографија итн.) која е публикувана со истиот RSS формат.

2. Претходната точка се однесува и на радио станиците кои без договор и неовластено во своите програми пренесуваат туѓи вести, информации и други содржини кои потпаѓаат под Законот за заштита на авторски права.

3.Ве повикуваме до горенаведениот датум да постигнете договор со сите медиуми од кои ги преземате вестите и другите информации кои потпаѓаат под Законот за заштита на авторски права.

Во спротивно, ќе бидеме принудени своите права да ги заштитиме преку надлежните судски органи во Р. Македонија.

Оваа иницијатива е почеток на здружен настап на електронските и печатените медиуми кои имаат свои веб страници и создаваат свои содржини, и со која и во иднина ќе ги заштитуваме нашите интереси, во согласност со важечките закони и прописи.

28.12.2009, Скопје
_____________________
Вест, Горан Михајловски
_____________________
ИДИВИДИ, Манче Трендафилов

_____________________
Кајгана, Дарко Лазаревски
_____________________
Канал 5, Виктор Гроздановски

_____________________
Макфакс, Давор Пашоски
_____________________
Дневник, Сашо Кокаланов

_____________________
Нетпрес, Дејан Николовски
_____________________
Нова Македонија, Александар Дамовски

_____________________
Сител, Виктор Стефановски
_____________________
Форум, Слободан Чашуле

_____________________
Време, Коле Чашуле
_____________________
Утрински весник, Љупчо Поповски

Copyright 2010 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.


Македонија

БЕРЗАНСКИ ИНДЕКСИ