Милошоски во Тирана се сретна со албанскиот државен врв
Изградбата на автопатот "Арбери" од Тирана до граничниот премин во Дебар е многу важен и за Македонија бидејќи Скопје и Тирана на овој начин ќе бидат поблиску за околу 100 километри.
Ова го изјави министерот за надворешни работи на Македонија, Антонио Милошоски на средбата со албанскиот премиер Сали Бериша во Тирана.
Според Милошоски, македонската влада има преземено активности за реконструкција за патот од Скопје - Дебар.
На средбата беше нагласена и потребата од забрзување на проектот "Коридор 8" кој е значаен за двете земји.
Милошоски оствари средба и со претседателката на Собранието, Јозефина Топали при што изјави дека Собранието не треба да се бојкотира од страна на опозицијата.
Мeѓу другото министерот за надворешни работи се сретна и со албанскиот претседател Бамир Топи и нагласи дека Македонија и дава целосна поддршка на Албанија во врска со визната либерализација.
Македонскиот дипломат Милошоски на средбата со новинарите што ја одржа заедно со неговиот домаќин, министерот за надворешни работи Илир Мета изјави дека дава целосна поддршка на Пописот за етничка и верска припадност во Албанија кој треба да се одржи идната година нагласувајќи дека ,, пописот ќе биде и во интерес на Македонската заедница во Албанија и нејзиното интегрирање во албанското општество.
- Македонија ќе продолжи да биде модел за едно мултиетничко општество во кое ќе има функционална демократија, а потпишувањето на двата Протоколи за соработка меѓу министерствата и канцелариите за обука на дипломатски кадри, доволно говори за покажаната желба за интензивирање на односите меѓу двете земји, беше нагласено по средбата меѓу двајцата министри.
Мета, коментирајќи ги мултиетничките состојби во Македонија изјави дека треба да се спроведе целосна имплементацијата на Охридскиот договор со кој ќе се промовира мирен развој и општествена хармонија./крај/мн/вм
Македонија
- Убиство во Аеродром02 септември 2010
- Состојба на патишта02 септември 2010
- Инфо- Кратки најави за петок(03....02 септември 2010
- Забелешките на антикорупционерит...02 септември 2010
- Драган Ѓорѓевиќ побегнал во Алба...02 септември 2010
- НД против, ЛДП воздржани за Дело...02 септември 2010
- Деловникот на гласање во вторник...02 септември 2010
- Идејното решение за изградба на ...02 септември 2010


