Регион
PrintPdf
Топали: Можно враќање на опозицијата во парламентот
Автор: Реџеп Ќамили     14:51 | 10 февруари 2010

Тирана

Бојкотот на собранието од албанската опозиција  наскоро ќе заврши и  јас сум голем оптимист дека пратениците од Социјалистичката партија (СП) ќе влезат во парламентот.

Ова  денеска го изјави претседателката на албанското собрание Јозефина Топали уверувајќи дека меѓу албанската влада и опозицијата би можело наскоро  да се најде заеднички јазик и тие да се вратат во собраниските клупи.

На ова експресно реагираа социјалистите на Еди Рама, нагласувајќи дека само „отварање на изборните  кутиите би ставиле крај  на бојкотот во  собранието“

Пратениците од СП го напуштија собранието пред три месеци, поради како што велат  нерегуларно спроведените парламентарни избори од 28 Јуни минатата година/крај/рќ/


Bookmark and Share

Горе


Copyright 2010  makfax  Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.