„Плоштад Слобода“:Споменикот на плоштадот ќе биде на Филип Втори
Споменик на Филип Втори ќе биде поставен на плоштадот Македонија, а не на Александар Македонски, тврдат од невладината „Плоштад Слобода“.
Според нив, со видео презентацијата на проектот „Скопје 2014“ се замајува јавноста, односно на видеото е прикажан споменик што е понизок од Ристиќевата плата.
„Споменикот ќе биде висок 26 метри и тоа е повисоко од Ристиќевата палата. Во видео презентацијата овој споменик е со помали димензии. Тоа е намерно направено за да се амортизира гневот на јавноста. Видеото е лажно и за него треба да се произнесе и Советот за радиодифузија“, смета Никола Наумоски од Плоштад Слобода.
Никола Гелевски од КЦ „Точка“ вели дека со 80 милиони евра е невозможно да се реализира проектот „Скопје 2014“, при тоа додавајќи дека уметниците, архитектите и граѓаните се изманипулирани од неколку луѓе во власта.
„Атина и Загреб градеа два музеја. Тој во Атина се градеше осум години и чини 130 милиони евра, додека оној во Загреб започна да се гради во 2002 година и досега чини 75 милиони евра а не е завршен“, прецизира Гелевски.
Тој додава дека Скопје не е антички град и дека културниот дефицит не може да се надоместува со лаги.
„Со вакви бедни куќарки и фасади власта всушност го потценува сопствениот народ“, вели Гелевски, истакнувајќи дека овој проект е замајување на јавноста од неуспехот на програмата на партијата на власт.
Од „Плоштад Слобода“ обвинија и поради лошата транспарентност во врска со целиот проект, односно поради неспроведувањето на јавни дебати кои би траеле и по неколку години.
„Власта продуцира конфликти, потоа се трга настрана и дозволува луѓето сами да ги решаваат проблемите“, додаваат од „Плоштад Слобода“, од каде бараат да бидат објавени сите тендери, конкурси и учесници во целиот проект. /крај/ст
Македонија
- Еден убиен и двајца ранети во с...02 септември 2010
- Убиство во Аеродром02 септември 2010
- Состојба на патишта02 септември 2010
- Инфо- Кратки најави за петок(03....02 септември 2010
- Забелешките на антикорупционерит...02 септември 2010
- Драган Ѓорѓевиќ побегнал во Алба...02 септември 2010
- НД против, ЛДП воздржани за Дело...02 септември 2010
- Деловникот на гласање во вторник...02 септември 2010


