Италија сака да биде стратешки партнер со Р.Српска
Претседателот на Владата на Република Српска Милорад Додик и Министерот за индустрија, енергетика и шумарство Слободан Пухалац денеска во Рим потпишаа заедничка изјава со италијанскиот Министер за економски развој, Клавдиј Скалој.
„Заедничката изјава ја дефинира соработката меѓу Р.Српска и Италија во енергетскиот сектор како и реализација на проектот кој се однесува на градење на хидроелектрана и преносна мрежа“, соопштија од Бирото за односи со јавност на Владата на Р. Српска.
Во соопштението е истакнато дека Италија изрази желба да биде еден од стратешките партнери на Р.Српска во областа на енергетиката.
Во наредниот период, планирано е Р.Српска и Италија да потпишат договор, кој ќе ги дефинира конкретните форми на меѓусебна соработка во областа на енергетиката./крај/он/ин
Регион
- Ѓул: Балканот да стане дел од ев...02 септември 2010
- Веста за повлекувањето на Ѓукано...02 септември 2010
- Вук Драшковиќ ја тужи Србија за ...02 септември 2010
- Ѓукановиќ се повлекува од премие...02 септември 2010
- Приштина лобира против резолуциј...02 септември 2010
- Блер: Косово - „морално прашање“02 септември 2010
- Земјотрес во Грција, нема жртви02 септември 2010
- Преглед на печат / Регион02 септември 2010


