Фуере: Брзо решавање на спорот за името, брз влез на Македонија во ЕУ
Меѓуетничките односи во Македонија ќе бидат загрозени, ако се продолжи со одложување на одлуката за почнување на преговори меѓу Македонија и Европската Унија.
Евроамбасадорот во земјава Ерван Фуере стои зад изјавата што ја даде во виенскиот весник “Стандард“.
Фуере посочи дека оваа изјава треба да се гледа како охрабрување за Македонија и Грција да го забрзаат процесот на решавање на проблемот со името.
“Значи изјавата која што ја дадов беше идентична со изјавата која претходно ја имав дадено пред моето обраќање во Европскиот парламент односно Kомитетот за надворешни работи, и таа изјава всушност го рефлектира токму она што го кажав и зад кое што целосно стојам„ изјави Фуере.
Тој посочува дека не станува збор за притисок тука за еден вид охрабрување за двете страни, охрабрување какво што на премиерот Груевски му беше дадено од страна на комесарот Оли Рен дека ова е шанса да се забрзаат преговорите и што побрзо да се реши проблемот .
„ Што побрзо прашањето за името се затвори, толку побрзо и земјата може да напредува на патот кон ЕУ во контекст на нејзината интеграција“ рече Фуере.
Тој го повика лидерот на ДПА Мендух Тачи да се врати во парламентот и ја осуди неговата последна изјава проследена со закана на војна.
“Ова секако е неприфатлив начин на говор од страна на лидер на политичка партија и би ја искористил оваа можност уште еднаш да апелирам до лидерот на ДПА да се врати во парламентот, местото каде што граѓаните го имаат избрано и да ги застапува нивните интереси. Уште еднаш ќе повторам, јазикот кој што тој го употреби во тоа интервју е неприфатлив за политичар“ рече Фуере.
Тој за следната недела најави посета на група европарламентарци кои ќе пристигнат во земјава и кои повторно ќе ги повторат истите пораки. /крај/фф
Македонија
- Исчезна седумгодишно дете 20 март 2010
- Воз повторно удри во одрон, повр...20 март 2010
- Уапсен Грк кој нудел поткуп на М...20 март 2010
- Наставник натепал ученик оти згр...20 март 2010
- Груевски не ја напушти конференц...20 март 2010
- Косово и предаде на македонската...20 март 2010
- ДОМ: Законот за води да се приме...20 март 2010
- Кривични пријави против четири л...20 март 2010


