Свет
PrintPdf
Британската војска работи на граница на своите можности
Автор: Ивана Атанасоска     15:05 | 10 февруари 2010

Лондон

Британските воени сили работат на граница на своите можности, потенцираше во новиот извештај одборот за воени прашања на британскиот парламентот.

Војните во Ирак и Авганистан во последните седум години оставија видливи последици врз британската војска која во моментов не е способна за преземање нови задачи, стои во оценката на одборот.

Извештајот за британската војска се заснова на тврдењето на генерал Греан Ламба кој смета дека британската војска треба да добие засилување од 10.000 војници, со бројот на војници ќе се зголеми на 112.000.

Дека британската војска е на граница на своите работни можности укажува и фактот дека Кралските воздушни сили немаат доволен број на летата за вежби бидејќи тие се распоредени на терен.

Во заклучокот стои дека подготвеноста на британските воени сили „не задоволува“.

Изјавите доаѓаат во момент кога американските и британските воени сили се подготвуваат за најголемата операција на меѓународни сили во Авганистан откако американскиот претседател Барак Обама најави засилување на американските трупи во оваа земја./крај/хи/иа


Bookmark and Share

Горе


Copyright 2010  makfax  Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.