Даноците и придонесите да се плаќаат во различни денови
Раздвојување на денот на плаќањето на обврските по бруто - плати и придонеси, со обврските за даноци и ДДВ, ќе биде една од клучните антикризни мерки кои што владата наскоро ќе ги усвои.
Ова денеска го објави министерот за финансии Зоран Ставрески, најавувајќи дека новите антикризни мерки ќе бидат готови до крајот на следната недела.
Ставрески информираше дека во тек е подготовката на новите антикризни мери и дека се работи на усогласување со барањата на бизнис заедницата.
„Меѓу тие барања е и раздвојување на денот на плаќање на обврските по бруто -плати и придонеси, со обврските за даноци и ДДВ. Мислам дека врз основа на направените консултации со УЈП, таквото барање би можело да биде прифатено“, изјави Ставрески.
Според него, на овој начин ќе им се помогне на фирмите да немаат притисок за ликвидноста, во еден ден да ги плаќаат сите обврски, туку тоа да се одвои во два различни термини во текот на месецот, смета Ставрески. /крај/ап/
Економија
- „3G Capital“ го купи „Burger Kin...02 септември 2010
- ЕЦБ ја зголеми прогнозата за еко...02 септември 2010
- Oбезбедена дополнителна квота на...02 септември 2010
- Е-купувањето оди во нагорна лини...02 септември 2010
- „Оне": Finance пишува невистини02 септември 2010
- Македонците сакаат да соработув...02 септември 2010
- Телеком Словенија ги продава про...02 септември 2010
- Протест на камионџиите ако не се...02 септември 2010


