Ангеловски: Задоволен од дебитантите, незадоволен од играта во првиот дел

Ангеловски: Задоволен од дебитантите, незадоволен од играта во првиот дел

Македонија, во рамките на шестото квалификациско коло, загуби во Скопје од Шпанија (1-1-2) и остана на претпоследното место на табелата, додека Шпанија заедно со Италија е лидер во групата, со по 16 бодови.

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, по поразот истакна дека не е задоволен од играта во првото полувреме и изрече комплименти за младите дебитанти Тошевски и Елмаз.

„Честитки најпрвин за Шпанија за победата. Не сум задоволен од првото полувреме кога некако игравме со преголем респект, но ако од нешто сум задоволен тоа е нашата игра во второто полувреме, затоа што мислам дека тоа беше она што го игравме во изминативе квалификации. Успеавме резултатски да го донесме до егал натпреварот до 90. минута, но, за жал, не успеавме да го зададеме и завршниот удар. Морам да кажам дека го загубивме овој натпревар, но добивме бисер во името на Елиф Елмас, кој дебитираше со 17 години против една Шпанија, а одигра одлично. Исто така, честитки за добрата игра и за вториот дебитант, Тошевски”, рече Ангеловски.

Следниот натпревар од квалификациите Македонија ќе го одигра на 2 септември, кога ќе гостува во Израел.