Анкета: Жителите на четири земји членки на НАТО повеќе би го сакале „чадорот“ на Русија

Анкета: Жителите на четири земји членки на НАТО повеќе би го сакале „чадорот“ на Русија

Жителите на четири земји членки на НАТО повеќе би сакале воено сојузништво со Русија, доколку нивната земја би била нападната од трета страна, покажува истражувањето на јавното мнение спроведено од социолошкиот институт WIN/Gallup International., објавен во пресрет на годишниот безбедносен собир на транатлантската заедница одржан викендов во германски Минхен.

 

Далеку е најголемиот број на земјите чиишто жители во споменатата анкета како стратешки сојузник ги избрале САД, што укажува на тоа дека Соединетите држави и натаму остануваат единствената светска воена сили со вистински глобален опсег и сојузи, пишува агенцијата Bloomberg.

Но истовремено, сепак, Кина и Русија во условите на воените кризи во Украина, Ирак и Сирија, го делат остатокот од теренот по ова прашање.

Уште поинтересно е што анкетата покажува дека жителите на четири земји членки на од САД предводената Северноатлантска алијанса се определиле за Русија. И тоа, Бугарија, Грција, Словенија и Турција.

Притоа, главната безбедноста по нивните земји за Бугарите и за Грците претставува Турција, којашто е исто така членка на НАТО и теоретски треба да биде сметана за воен сојузник. Сепак, турската инвазија на Северен Кипар од 1974 година, укажува на тоа дека жителите на споменатите земји сметаат дека не можат да се потпираат на поддршката на Алијансата, па затоа се определуваат за Русија, сметаат коментаторите на Bloomberg.

Истражувачите сметаат дека во оваа анкета испитаниците активно реагирале на измените на структурата на меѓународната безбедност, која се создаде по Студената војна.

Така, за Кинезите посакуван сојузник е Русија, а за русите тоа е Кина. Тоа, според потпретседателот на здружението WIN/Gallup, Канчо Стојчев, покажува дека политиката на САД во последните дваесетина година придонела до зближување меѓу Москва и Пекинг. „Ова е помалку чудно, бидејќи во фундаментална смисла Русија е дел од Европа“, смета Стојчев.

Деканот на факултетот за економија и науки од Универзитетот Сент Гален, во ШВајцарија, Џејмс Дејвис, верува дека резултатите од анкетата, исто така, укажуваат на религиозниот раскол во Европа. Грците и Бугарите ја избираат православна Русија, притоа во украинското и босанскохерцеговското општества се длабока верска поделеност. Претежно православна Романија, пак, се решава за САД, а, пак, католичка Словенија за Русија.

„Кога ги подучувам осумнаесетгодишниците студенти, гледам дека старата добра солидарност олицетворена под советската закана за нив претставува архаизам“, истакнува Дејвис.

Покрај тоа, по американската воена кампања во Ирак, помалку Европејци сметаат дека САД треба да ја имаат лидерската улога. Со влегувањето на Доналд Трамп во Белата куќа недовербата на жителите од земјите во ЕУ ќе се намалува, смета експертот.

Со анкетата биле опфатени по околу илјади испитаници во секоја од 66-те земји во кои било спроведено истражувањето од октомври до декември 2016-та, а маргината на можната грешка се движи меѓу 3,5 и 5 процентни поени./крај/мф/сн