МАКФАКС

Европскиот парламент ја изнесе својата визија за иднината на Европската унија

Европскиот парламент ја изнесе својата визија за иднината на Европската унија
18.02.2017, 12:31

Европската унија би требало да ги искористи сите можности кои ги дава Лисабонскиот договор доколку сака да биде поефикасна, да ја врати довербата на граѓаните и да ја направи еврозоната поотпорна на надворешните шокови, а доколку сака да оди и натаму, би требала подлабоко да се реформира, гласи главната порака на трите резолуции за иднината на Европската унија која во четвртокот ги усвои Европскиот парламент.

 

Предлозите, коишто не се правно обврзувачки, се придонес на Европскиот парламент за иднината на Европската унија, по повод 60-годишниата од потпишувањето на Римските договори, којашто ќе се одбележи во март.

Првата резолуција, којашто ха подготви италијанската пратеничка од групата на социјалдемократите (S&D), Мерседес Бресо, и германскиот пратеник Елмар Број од парламентарната група на Европската народна партија (EPP), е концентрирана на искористувањето на сите можности коишто ги нуди Лисабонскиот договор.

„Со усвојувањето на овие извештаи, Европскиот парламент испрати единствена порака и силен сигнал за популистите. ЕУ ќе продолжи да ги штити своите граѓани. На Европската унија не ѝ е потребна популистичка револуција. Потребен ѝ е мир и мора да се прилагоди на потребите на нашето време. Тоа значи да се носи со демократските предизвици, да им дава на граѓаните социјална, фискална и еколошка заштита, да го осигури нивното право на безбедност во многу лошиот меѓународен контекст и да ги исполни нашите морални обврски кон напите соседи“, се наведува во изјавата на Бресо објавена на порталот на Европскиот парламент.
„Граѓаните од Европа (Европската унија –з.р.) очекуваат решенија и лути се бидејќи не ги гледаа, Во времето преполно со предизвици тоа е очигледно, но многу од проблемите може да се решат само заеднички. Лисабонскиот договор дава многу можности Европската унија да биде поефикасна, поодговорна и потранспарентна, кои уште не се искористени“, вели, пак, Брок.

Во резолуцијата, меѓу другото, се предлага и дека Советот на ЕУ, кој ги претставува земјите членки, да биде претворено во вториот законодавен дом, додека неговите разни конфигурации, како за надворешни работи, за земјоделие итн, би биле подготвителни тела слично на парламентарни комисии. Советот, исто така, би требало сосема да премиен на квалификувано мнозинство, секогаш коа тоа го дозволуваат европските договори, за да се избегнат блокадите на важните закони и за да се забрза законодавниот процес.

Се предлага, исто така, воспоставување на постојан Совет на министрите за одбрана кој би ги координирал одбранбените политики на државите членки на ЕУ.

За да се зголеми независноста на претседателот на Европската комисија, подносителите на оваа резолуција бараат секоја држава членка да предложи најмалку тројца кандидата кои претседателот ЕК може да ги земе предвид при формирањето на Комисијата.

Резолуцијата е усвоена со 329 гласови „за“, 223 „против“ и 83 пратеници се воздржале.

Амбициозна реформа на европските договори

Втората резолуција, којашто ја подготви челникот на либералите во Европскиот парламент, Ги Верховштад од ALDE, оди уште подалеку од претходната и сугерира низа реформи на Лисабонскиот договор во областа на економското управување, надворешната политика, темелните права и транспарентноста.

Резолуцијата предлага ЕУ да добие министер за финансии и Европската комисија да биде овластена да ја формулира и да ја спроведува заедничката економска политика на Европската унија, со поддршка на буџетот на еврозоната. Комисијата, исто така, би требала да биде значително помала и да има само два потпретседатела, и тоа министерот за финансии и министерот за надворешни работи.

Застапниците на оваа резолуција предлагаат, покрај тоа, дека европските граѓани во сите држави членки би требало директно да гласаат за официјалните кандидати на европските политички партии за претседател на Европската комисија. Истакнуваат, исто така, дека Европскиот парламент би требало да има само едно седиште.

„Овие извештаи даваат нацрт како би требало да изгледа посовршената Европска унија. Не ја предлагаат европската интеграција поради неа самата. Откако ќе бидат усвоени, се поставува прашањето: како напред? Знам дека имаме силна и моќна Европска унија, која се почитува и истовремено напредни локални и национални демократии. Всушност, верувам дека едното не е возможно без другото“, рече Верховштад.

Оваа резолуција беше усвоена со 283 гласови „за“, 269 „против“ и 83 воздржани.
Посилна еврозона

Во третата резолуција, германскиот пратеник Рејмер Беге од EPP и Первенше Берес од S&D предлагаат поцврсто поврзување на економиите од еврозоната за да биде поотпорна на надворешните шокови.

Еврозоната, сметаат тие, би требало да има фискален капацитет кој би го сочинувале Европскиот стабилизациски механизам (ESM), главниот антикризен инструмент на еврозоната, како и посебниот дополнителен буџет на еврозоната. Посебниот буџет на еврозоната би требало да биде дел од буџетот на Европската унија, со каматите од износите над сегашните горни граници за повеќегодишната финансиска рамка, и би требало да го финансираат земјите членки на еврозоната и државите кориснички, а со текот на времето би можел да се финансира и до сопствени средства.

Европскиот стабилизациски механизам (ESM) би требало дополнително да се развие и да се претвори во Европски монетарен фонд (EMF), со двојно поголем капацитет за кредитирања и задолжувања и јасно дефинирани овластувања, за да би апсорбира асиметричните и симетричните шокови.

Покрај Пактот за стабилност и раст, се предлага усвојување на кодексот на конвергенција, кој би ги земал предвид препораките на поединечните земји членки, а кои во текот на петгодишен период би требало да идат насочени на конвергенциските критериуми во смисла на оданочувањето, пазарот на трудот, вложувањата, продуктивноста и социјалната кохезија.

Во економското управување во еврозоната би требало да преовладува методата на заедница а не меѓувладината метода. Европскиот парламент и националните парламенти би требало да имаат поголема улога по ова прашање. Должноста на претседателот на Еврогрупата (телото составено од министрите за финансии на земјите членки на зоната на важење на заедничката валута) и должноста на комесарот за економски и финансиски прашања би можела да се обедини,а во рамките на Европската комисија би требало да биде воведена должноста министер за финансии и сектор на министерството за финансии, се предлага во третата резолуција.

„Стабилизацијата на еврозоната би била во интерес на целата Европска унија, Нашите предлози ќе бидат кон она што е основа за идните преговори со другите европски институции. Експертите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) исто така, реагираа позитивно, искажувајќи голем интерес за нашите идеи“, вели во писмената изјава Беге.

„Шеесет годни по потпишувањето на Римскиот договор, потребно е повторно да заживее дихот на основачите на Европската унија. Воспоставување буџет на еврозоната би претставувал голем чекор кон таа цел , во време која потребата за зачувување на интегритетот на еврозоната никогаш не била поизразена. Осигурувајќи ја солидарноста за државите членки во вонредните кризи, апсорбирајќи ги макроекономските покови кои можат да ја погодат целата еврозона и промовирајќи го јакнењето на конвергенцијата, таквиот инструмент би можел да го извлече она најдоброто од заедничката валута и ќе придонесе за остварувањето на целосна вработеност во ЕУ“, смета Берес.

Оваа резолуција е усвоена со 304 гласови „за“, 255 „против“ а 68 европратеници беа воздржани./крај/мф/сн

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *