МАКФАКС

Тероризам, криминал и имиграција во Шведска: има ли Трамп право?

Тероризам, криминал и имиграција во Шведска: има ли Трамп право?
26.02.2017, 19:16

По Париз, Ница и Берлин, Шведска скапо ќе ја плати својата големодушноста кон азилантите, беше изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп којашто ги запрепасти Швеѓаните, но какви навистина врски има имиграцијата, деликвенцијата и тероризмот во оваа скандинавска земја, анализира агенцијата АFP.

 

Што кажа Трамп

„Погледнете што се случува во Германија, погледнете што се случи сношти во Шведска. Шведска, кој би помислил? Шведска. Примија многу бегалци и сега имаат проблеми какви што не можеа ниту да замислат“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп на 15-ти февруари на Флорида.

Во Шведска вечерта на 14-ти февруари всушност не се случи ништо посериозно, па Трамп прецизираше дека зборувал за репортажата објавена на американската телевизиска мрежа Fox News според кој таа земја гор. Меѓутоа, двајцата интервјуирани шведски полицајци тврдат за AFP дека нивните изјави во таа репортажа се изведени од контекст.

Покрај тоа, Трамп веќе на почетокот од седмицава објави нов твит обвинувајќи, без да ги идентификува, некои медиуми дека ја намалуваат сериозноста на ситуцијата. „Медиумите ѓубре сакаат да веруваме дека масовната имиграција во Шведска добро функционира. Не!“.

Но поголема група неидентификувани лица предизвикала безредија во кои биле подметнувани пожари и ограбувани локалните продавници во понеделникот ноќта во претежно мигрантската населба Ринкебју, во престолнината Стокхолм. Според полицијата вечерта биле запалени седум до осум автомобили, а во областа се случија и неколку грабежи на продавници.

Полицијата прецизираше дека претходно во споменатиот кварт биле испратени полицајци и во текот на приведувањето на едно лице по кое се трагало, врз нив биле фрлани камења. „Поради тоа патролата … била принудена да истрела предупредувачки истрели. Еден од полицајците е погоден со камен во раката, а сериозноста на неговата повреда не е утврдена“, се додава во полициското соопштение.

Кристијан Кристенсен, американски професор по новинарство на Универзитетот во Стокхолм, изјави за EUobserver, дека изјавата на Трамп, сепак, треба да се земе сериозно. „Ова е вторпат администрацијата на Трамп да измислува терористички напад за да фрли дамка врз имигрантите и да го оправда ограничувањето на имиграцијата“, вели професорот.

Кристиансен истакнува дека не е случајно што цел на критиките е токму Шведска. „За многу републиканци Шведска е омилен симбол на сето она што во Европа според нивното мислење не е добро: отвореноста кон бегалците, феминизмот, еколошката совест или отпорот кон Виетнамската војна во 1970-те додава

Дали во Шведска имаше терористички напади?

Да, но не од историскиот мигрантски бран од 2014.2015 година, кога Шведска примила 244.000 баратели на азил, од кои 34 отсто Сиријци и 20 отсто Ирачани, најмногу по жител во Европа. Минатата 2016 година прими само 30.000 имигранти.

На 11-ти декември 2010 година, Швеѓанец од ирачко потекло, Тајмур Абдел Вахаб, загина разнесувајќи се на улица во главниот град Стокхолм, а притоа две лица беа полесно повредени.

Белата куќа неодамна состави листа од 78 терористички напади за коишто медиумите според нивните процени премалку говореле и за нападот со молотов коктел во октомври врз шиитскиот центар а молитва во Малме. Во тој случај е уапсен Сириец, а немаше повредени.

Имајќи го предвид постепено враќање на десетици милитанти од вкупно 300 колку ум се придружиле на џихадистите во Сирија и во Ирак, терористичката закана во Шведска се смета висока.

Дали пораснал криминалот од доаѓањето на бројните бегалци?

Шведска во 2015 година забележа досега најголем број кривични дела по жител, според податоците на Шведскиот совет за превенција на деликвенцијата (BRA). Меѓутоа, таа бројка е само незначително поголемо од втората по големина 2009 година.

Иако кривичните дела се зголемиле за четири проценти меѓу 2014 и 2015 година, нападите врз луѓе се намалиле за 0,4 отсто, додека нападите врз имоти се зголемиле за 7 отсто. Силувањата, на пример, се намалиле за 11 проценти.

Ститистичките податоци за 2016 година ќе бидат објавени кон крајот на март. Прелиминарните податоци укажуваат на зголемување на нападот на луѓето за 7 отсто, зголемување на силувањата за 13 отсто и намалување на нападите врз имотот за 5 отсто. Криминолозите напомнуваат дека варијантите може да се објаснат со промените во статистичката методи или квалификациите на кривичните дела.

Шведска и натаму е земја со најмалку криминал во светот со стапка на убиства од 1,1 на 100.000 жители во 2015-та, што е 4,5 пати помалку отколку во САД. „Лани само во Орландо на Флорида, каде што зборуваше пред некој ден Трамп, имаше 50 отсто повеќе убиства отколку во цела Шведска“, објави на Twitter поранешниотшведски министер за надворешни работи Карл Билдт.

Меѓутоа, во Малме мината година во судирите меѓу бандите беа убиени 12 луѓе, а во 2013 година во Хосби имигрантското предградие на Стокхолм, беа запалени стотина автомобили и повредни седум полицајци во безредијата кои траеја пет дена и ги зафати и другите градови во земјата, потсетува Reuters.

Шведска не е совршена, но насилството евидентно не излегло од под контрола. „Не постојат подрачја во којашто полицијата не влегува“, истакна портпаролаката на полицијата Јохана Блоквисти.

Дали криминалот е почест меѓу странците?

Да. Шведската полиција не ги работи статистиките по етнички групи, но Шведскиот совет за превенција на деликвенцијата спроведе две истражувања во 1996 и во 2005 година кои покажале дека имигрантите во просек двапати повеќе се позастапени во статистиките за деликвенциите од луѓе чиишто родители се родени во Шведска. Тие истражувања покажале, исто така, дека кај луѓето со случен социјален статус ризикот од деликвенција е речиси еднаков.

Барателите на азил, исто така, се жртви на криминалот. Минатата година во 93 центри за прифаќање намерно е подметнат пожар. Во октомври 2015 млад неонацист уби со мачета уби тројца луѓе во едно средно училиште на југозападот од земјата во кое учат имигрантите.

Многу Швеѓани се загрижени поради имиграцијата. Популарноста противимигантската партија Шведски демократи, која бара зголемување на бројот на полицајците и построги казни за криминалците, многу пораснала и сега се бори за второто место во анкетите.

Интеграцијата на доселениците, исто така, веројатно ќе бидат предизвик. Сегрегацијата, лошите училишта и невработеноста погаѓаат многу од младите, често оние од имигрантско потекло.

„Шведска, како и многу други земји, дава многу можности, но е соочена и со многу предизвици“, коментираше за Reuters премиерот Стефан Лофвен./крај/мф/сн

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *