Баба изгорела во својата куќа во Нов Дојран

Баба изгорела во својата куќа во Нов Дојран

 

Во пожар што ја зафатил семејната куќа на П.К.С. во Нов Дојран на ул.„Илинденска“, изгорела деведесет и две годишна баба, јави полицијата.

Имено во полицијата во Гевгелија по 14 часот во средата бил пријавен пожарот, во кој изгорела П.К.С.(92), а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
Смртта настапила од настанатиот чад од пожарот и од изгореници по телото.

Пожарот веднаш бил локализиран. Извршен бил увид и во консултација со Јавен обвинител телото на починатата е предадено на семејството за погреб.

Уште еден пожар се случил во средата околу 19.30 часот во Гостивар на ул.„Илинденска“, на балконот од станот сопственост на В.И. (49), кој со сериозни изгореници е префрлен во Ургентниот центар во Скопје.

Пожарот настанал од непознати причини во скарата која била поврзана со плинска боца, по што пожарот се проширил.

На местото на настанот веднаш биле пристигнати екипи на ТППЕ-Гостивар и итната медицинска помош, по што за кратко време пожарот бил локализиран. В.И. со возило на брзата помош бил пренесен во болницата во Гостивар каде му се констатирани изгореници од трети и четврти степен по целото тело. П

оради сериозноста на повредите бил препратен во Ургентен центар Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Гостивар. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот. /крај/со/бб