Во групна тепачка во Тетово еден прободен во натколеницата

Во групна тепачка во Тетово еден прободен во натколеницата

 

Речиси дваесет лица се степале во Тетово во неделата вечер, при што еден бил прободен со нож во левата натколеница, јави полицијата.

Имено, во неделата, околу 19.30 часот во Тетово, на ул. „133“, при вербална расправија помеѓу две групи, од една страна 10-12 лица и од другата страна шест лица, Е.Ц. на Ѓ.Д. (21) со нож му нанел убодна рана во пределот на левата натколеница.

Причина за насилството е бидејќи Ѓ.Д му продал мобилен телефон на Е.Ц и не го исклучил фејсбук профилот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот./крај/со/бб